Мажите сепак преферираат паметни жени

Од:

Мажите кај припадничките на понежниот пол се повеќе го ценат интелектот и карактерот, а се помалку физичкиот изглед, покажува најновото истражување.

– По се изгледа дека и традиционалните посакувани карактеристики како кулинарската вештита стануваат се поважни при изборот на партнерка, пишува весникот „Дејли мејл“.

Интересно е што овој тренд е забележан во западните земји, во кои мажите и жените се еднакво еманципирани. Но од друга страна пак жените се повеќе се заинтересирани за добриот изглед кај мажите, а се помалку за банкарските сметки, со оглед на тоа што самите можат да се грижат за себе.

– Во општествата како британското или скандинавското мажите се повеќе внимание посветуваат на другите квалитети кај жените, како на пример нивната интелегенција. Заводливата фигура и доброто готвење одат во втор план, изјави Марцел Зентнер, психолог на Универзитетот Јорк.

Тимот на Зентнер испитал 12 илјади лица во повеќе од 30 земји во светот, прашувајќи ги која особина им е најважна при изборот на потенцијалниот партнер.

Во помалку развиените средини луѓето се уште се наклонети кон традиционалните квалитети кои ги ценеле, така што мажите го гледаат физичкиот изглед, а жените финансиската моќ. Во развиените земји, каде степенот на рамноправност е мошне висок мажите ја избираат интелегенцијата, а жените физичкиот изглед.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

A1on

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он