Мажите често сонуваат за секс, за работа и за физичка агресија, додека жените сонуваат за семејството, куќните работи и облека, утврдија германски научници.
Во машките соништа често се појавуваат непознати луѓе, а во женските се појавуваат луѓе од доверба, додава Ханс-Гунтер Вес, шеф на одделот за нарушување на спиењето на „Pfalzklinikum“, психијатриска болница во Германија.
Германските научници ги прегледувале исказите за соништата на неколку илјади луѓе во Германија од 1956 до 2000 година.
Во заклучоците, кои ги објави списанието „Psychologie heute“, се наведува дека разликите меѓу половите во соништата и покрај еманципацијата не се битно променети во тој 40-годишен период.