Mаск: Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор на компанијата штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата

Од:

Илон Маск уште еднаш јавно го бранеше масовното намалување на трошоците на Твитер како неопходна мерка за одржување на платформата за социјалните медиуми следната година.

Се верува дека дел од причината за ова се отплатата на долгот поврзан со преземањето на компанијата од 44 милијарди долари од Маск.

„Оваа компанија е како, да речеме, да сте во авион кој се движи кон земјата со голема брзина со вклучени мотори, додека контролите не работат“, напиша јужноафриканскиот претприемач до својата публика доцна синоќа, јави Танјуг.

Се вели дека ова се случило откако Маск претходно изјавил дека планира да остане на функцијата извршен директор на Твитер додека не најде некој подготвен да го замени на функцијата.

„Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор на компанијата штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата, а после тоа би ги водел само софтверските и серверските тимови“, изјави Маск.

Странските медиуми пишуваат дека откако милијардерот ја презеде платформата за социјалните медиуми во Сан Франциско на крајот на октомври, неговата позиција како извршен директор беше обележана со набрзина издадени правила и деловни политики, кои често беа повлечени или менувани веднаш по објавувањето.

Би можело да ве интересира

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он

Маск изгуби повеќе пари од кој било во историјата

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Маск не објави дека се повлекува од функцијата: Би можеле да гласаат само автентични Твитер профили

А1он

Твитерџиите гласаа Маск да го напушти Твитер

А1он

Маск ја укина суспензијата и им ги врати налозите на Твитер на американските новинари

А1он