Манифестација „Смоквијада“ утре во Гевгелија

Од:

Традицијата на гевгеличани за варење слатко од зрели смокви на пирустија или на ќумбе и годинава ќе биде белег на единаесеттата „Смоквијада“ која ќе се одржи утре во организација на граѓанското здружение „Тера“.

– Годинашниве активности ќе се одвиваат само утре на ракометното игралиште каде што десетте пријавени екипи пред публиката ќе ги покажат „марифетите“ во готвење на слаткото од зрели смокви, препознатливо за овој крај. Публиката истовремено ќе биде и жири комисија затоа што откако ќе вкуси од секое сварено слатко преку гласачки ливчиња ќе го одлучи победникот, истакнаа организаторите од „Тера“.

Тие посочија дека новитет на манифетацијата годинава е доделување на величествена готварска капа на победничкиот тим која понатаму секоја следна година ќе се пренесува на победниците.

Публиката ќе ја забавува кубанката Јасмин Лопез и нејзината група кои ќе изведат латино-американски хитови и Викторија Лоба која ќе приреди концерт со својата танчерска група. Генерален покровител на манифестацијата чија цел е да се чуваат и негуваат традиционалните етно вредности е општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски