Малдивите го добиваат најголемиот вештачки архипелаг

Од:

Идејниот творец на овој исклучително амбициозен проект е холандската фирма Waterstudio, а нацрт-плановите за идниот изглед на Малдивите се на Dutch Docklands.

Првата цел е изградба на пловечки терен за голф, кој воедно ќе биде и прв од тој тип во светот.

„Потоа ќе биде направена и зградата за голф клубот во која со лифт ќе може да се спуштат посетителите на дното на океанот и преку подводен тунел да дојдат до терените“, вели извршниот директор на Dutch Docklands, Пол Ван де Камп.

Изградбата на терените би требало да почне оваа година, а тие би требало да бидат готови до крајот на 2013-та. Официјалното отворање е најавено за 2015-та.

Малдивите исто така ќе добијат и 43 приватни острови „Amillarah“, секој со сопствено пристаниште за јахта и базен.

 

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ