Мал водич низ соништата

Од:

Постојат неколку различни типови за класификација на соновите, кои вклучуваат ноќни кошмари, сонови кои се повторуваат и луцидна состојба. Специјалистот за сонови др. Мајкл Џ. Брус за Хафингтон Пост објасни некои разлики меѓу тие категории.

Ноќни кошмари

Ноќните кошмари се широко дефинирани како застрашувачки сонови кои резултираат со одредено будење од сон. Мал процент на популацијата, студиите сугерираат околу 5 отсто, имаат ноќни кошмари и еднаш неделно.

Ноќните кошмари го нарушуваат сонот. Според истражувањата, ноќните кошмари можат да придонесат за несоница, дневен замор, депресија и нервоза. Некои студии сугерираат дека луѓето кои патат од одредени здравствени проблеми можат почесто да имаат ноќни кошмари, а меѓу тие нарушувања се:

– мигрена

– опструирачки застој на дишењето во сон или апнеа

– клиничка депресија

Ноќни ужаси

Уште еден облик на сон кој предизвикува нелагодност и страв се т.н. ноќни ужаси. Тие застрашувачки епизоди често се следени со викање и врискање. Се јавуваат во тек на сонот во фаза надвор од РЕМ фазата од сонот и во тоа се разликуваат од ноќните кошмари, кои се јавуваат во РЕМ фазата на сонот. Ноќните ужаси се почести кај децата, а студиите сугерираат дека шест отсто деца на возраст од 3 до 12 години имаат такви сонови.

Сонови кои се повторуваат

Се работи за тип на сон кој се повторува по некој регуларен пример. Истражувањата сугерираат дека постојат сврзници меѓу тие сонови и психолошкиот немир, еднакво кај возрасните како и кај децата.

Луцидни сонови

Тоа е една посебно фасцинантна категорија на соновите. Лицето кое сонува целосно е свесно дека сонува и често може да манипулира или да го контролира сонот додека се развива. Истражувањата на луцидното сонување се поврзуваат со необично зголемено ниво на мозочната активност, со повисоки фреквенции на мозочните бранови, како и зголемена активност на предниот дел на мозокот.

Во предниот дел на мозокот се центри кои ја управуваат совеста, чувството на личноста, говорот и памтењето.

Соновите помагаат и кај трауматичните искуства

Уште една многу изгледна функција на соновите е и разгледувањето и разрешувањето со трауматичните животни искуства. Една студија открива дека 60 отсто испитаници го навеле влијанието на соновите на сопствениот период на жалост и тагување.

Најчести теми на соновите

Многу податоци за соновите се собираат користејќи ги сведоштвата и системските прашања и одговори. Искуствата во соновите исклучително варираат, но постојат некои добро утврдени теми кои често се јавуваат кај многу луѓе. Некои од најчестите се:

– училишни сонови, учење и пишување на испит

– чувство дека некој ве прогонува

– сексуални сонови

– паѓање

– доцнење

– летање

– физички напад

– сонови за мртви лица како живи, или некој кој е жив а во сон е мртов

Неодамнешна студија за содржината на ноќните кошмари ги откри и најчестите теми на тие вознемирувачки сонови:

– физичка агресија

– меѓусебни конфликти

– чувство за неуспех и беспомошност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ