Семејството Макрон посвои лабрадор по име Немо

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит ја продолжија традицијата на чување домашни миленичиња во Елисејската палата, така што изминатиот викенд посвоиле лабрадор по име Немо, јави денес листот „Фигаро“.

Црн лабрадор е виден како шета во Елијсејската палата и се запознава со луѓето, наведе весникот и додаде дека кучето е земено од Здружението за заштита на животни и дека го доби името Немо по капетанот Немо од книгата на Жилн Верн „Дваесет илјади миљи под морето“.

Немо го замени Филе, куче на претходниот социјалистички претседател Франсоа Оланд, кој го задржа по истекот на мандатот.

Французите како нација придаваат големо значење на домашните миленичиња.

Речиси сите француски претседатели имале куче во текот на мандатот и тоа претежно лабрадори.

Би можело да ве интересира

Макрон предложи воена мобилизација „како што се натрупуваат заканите“

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци