Македонската песна триумфираше во Европа: Хорот на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ го освои Јесоло во Италија!

Од:

Пет први места и апсолутна доминација – младите ја враќаат вербата во македонскиот мелос

Во време кога сè почесто се поставува прашањето дали младите ја негуваат македонската музичка традиција, хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје даде силен и гласен одговор – македонската песна живее, и тоа на големите светски сцени. На престижниот меѓународен хорски фестивал во Јесоло, Италија, учениците под диригентската палка на маестро Вера Ангеловска постигнаа извонреден успех, освојувајќи:

Прво место за хорот, 4 први места за солисти, 4 втори места и 4 трети места Оваа импресивна жетва на награди е втора година по ред во која македонската песна најсилно одекнува на европска сцена, што претставува огромна гордост за целата земја. Со внимателно избрани композиции од македонскиот мелос, хорот успеа да ја пренесе емоцијата, автентичноста и богатството на нашето музичко наследство.

Настапите беа проследени со силни овации и признанија од стручното жири, кое ја вреднуваше не само техничката изведба, туку и искреноста и енергијата што овие млади уметници ја пренесоа на сцената. Зад овој успех стои долгогодишната посветеност на маестро Вера Ангеловска, која со огромна љубов и визија го гради овој хор.

И покрај годините, нејзината енергија, страст и верба во младите не згаснуваат „Ова не е само успех, ова е доказ дека кога се вложува љубов, резултатите се неминовни“, коментираат од тимот. Целосната магија од настапот во Јесоло, како и дел од победничките изведби, можете да ги погледнете во видеото.

Би можело да ве интересира

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје

А1он

На денешен ден во Битола е формиран најстариот македонски хор „Стив Наумов“

Гран при за Женскиот младински хор на маестро Сашо Татарчевски во Херцег Нови

Три златни медали за женскиот камерен хор „Св. Залата Мегленска“

Предраг Петровиќ