Македонија во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата е рангирана на 75. место, што е подобрување за една позиција во споредба со претходната година.
Извештајот опфаќа 140 земји, а е изработен врз основа на повеќе критериуми меѓу кои: политики и законодавство, животна средина и инфрструктура, безбедност, здравје и хигиена и национален третман на туризмот…
Најдобри оценки Македонија има добиено во однос на правната регулатива за туризмот, а забелешки има за заштитата на природното и културното наследство.
Од земјите во регионот, најдобро позиционирана во извештајот на 32. место е Грција иако бележи пад од три места, Хрватска е на 35. и има пад од едно место, Словенија е 36-та со пад од три места. Црна Гора е на 40, четири места полошо од претходниот извештај, Бугарија е 50. со пад од две места, Албанија е на 77 позиција со забележан пад од шест места. Од регионот Босна и Херцеговина забележала напредок од седум места и се наоѓа на 89. место, а Турција е на 46 место со напредок од четири места.
Најконкурентни туристички земји во светот трета година по ред се Швајцарија и Германија, а следат Австрија и Шпанија. Последни на листата се Бурунди, Чад и Хаити.