Мајката на Метју Пери проговори: Имаше претчувство дека ќе умре

Од:

Мајката на Метју Пери, Сузан Морисон, проговори на годишнината од смртта на нејзиниот син, велејќи дека тој претчувствувал дека ќе умре.

“Ми кажа дека многу ме сака и дека е среќен што е со мене. Тоа беше претчувство но тогаш не размислував за тоа. Одамна не зборувавме така, поминаа години и беше неизбежно тоа да се случи, тој го почувствува тоа“, изјави таа.

Таа истакнува дека тој потоа и рекол дека повеќе не се плаши, што уште повеќе ја загрижило.

На годишнината од смртта на Пери, зборуваа неговиот очув, новинарот Кит Морисон и сестрата Кејтлин. Тие се за канадското „Hello” открија планови за лансирање на „Фондацијата Метју Пери“ во Канада. На веб-страницата на организацијата се наведува дека таа е лансирана за да се обезбеди поддршка на поединци кои живеат со нарушувања по лечење на зависноста.

Неговата сестра Кејтлин е директор на фондацијата и изјави дека е многу среќна поради основањето бидејќи преку неа секогаш го има блиску својот брат.

„Тој многу би сакал да биде запаметен по тоа што им помага на луѓето кои се борат со зависноста.

Пери почина во октомври минатата година на 54-годишна возраст од акутни ефекти на кетамин и други фактори поради кои изгубил свест и се удави во џакузи.

Тој отворено призна дека користел многу супстанци дури и во периодите кога глумел во популарната серија „Пријатели“.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ