„Лос Анџелес Тајмс“ го пофали настапот на Симон Трпчески

Од:

Со поднаслов „Симон Трпчески величествено го изведе Пиано концертот на Григ“, дневниот весник „Лос Анџелес Тајмс“ ја донесува рецензијата на својот музички критичар Марк Свед за концертот во салата „Волт Дизни“, на кој Трпчески беше солист на Филхармонискиот оркестар на Лос Анџелес, предводен од диригентската палка на маестро Васили Петренко.

– Младиот македонски пијанист беше грациозен и слаткоречив. Тој откри природно внатрешно изобилство од Григ, преточено во мелодија. Неговиот тон беше дискретна убавина и го донесе Григ со мајсторска чистота што во ниту еден момент не беше вештачка или студена, подвлекува рецензентот и ja истакнува честата соработка на овој тандем.

Критичарот на „Лос Анџелес Тајмс“ нагласува дека Трпчески е чист пијанист кој создава впечаток оти пијаното, кога ги придружува, може да ги долови боите на звукот на една виолина, кларинет или хорна.

– Тој и диригентот функционираа како едно и заедно го презентираа стариот концерт на Григ со усовршена умешност, се вели во рецензијата.

Би можело да ве интересира

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма