Пејачката и актерка Џенифер Лопез поднела барање за развод од актерот Бен Афлек, а во весниците навела дека датумот на раскинување на нивниот брак е 26 април оваа година.
По неколку месеци „гласини“, Џенифер Лопез поднесе барање за развод на втората годишнина од бракот со актерот. „ТМЗ“ пренесува дека немаат потпишано предбрачен договор, и дека прашање е како ќе го поделат имотот.
Со месеци се шпекулира дека парот не е во добри односи, бидејќи Џенифер и Бен не се појавуваат заедно во јавноста. Ниту еден од нив не сакаше да ги коментира овие наводи, но сега тоа е потврдено – ова ќе биде четврти развод на Џенифер, а на Бен втор.
Наводно, парите биле најголемата причина за несогласувања. Џенифер тежи околу 400 милиони долари и Бен кој во кариерата инкасирал околу 150 милиони не можеле да се договорат околу финансиските прашања.
Џенифер во документите за развод напишала дека нема да бара алиментација, а бара од судот да не му ја додели ниту на актерот.
Џенифер и Бен Афлек се венчаа во Лас Вегас пред две години.