„Љубојна“ и хип-хоп за Нова Година во Прилеп

Од:

Прилеп е подготвен за пречек на новата 2016 година. И овојпат локалните власти организираат богата програма на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

Забавата на отворено, утре, на 31 декември, почнува во 11 часот, со програма за најмладите, децата од градинките и училиштата. На камената бина на плоштадот „Александрија“ сите деца заедно ќе се веселат, ќе ги пеат омилените песни, а ќе ги посети и Дедо Мраз.

– И годинава сме подготвени за пречекот на Новата Година. Ги покануваме сите да дојдат на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, рече денеска градоначалникот Марјан Ристески.

Претпладне настапуваат локалните музички ѕвезди: групите ACES UNFOLD  и „Станица 048“, за најмладите, а ќе настапат и специјалните гости, скопскиот реге состав „Брука бенд“. Вечерта, новогодишната програма почнува околу 22 часот. Атракција ќе биде познатиот македонски состав „Љубојна“ кој со спој на традиционалното и модерното ќе ја раздвижи новогодишната атмосфера. На полноќ при ќе има богат огномет, а потоа, првите мигови од Новата Година и раните утрински часови се резервирани за големата хип-хоп журка на Митко Пикисипи од САФ, диџеј Димитри од Чаир кој важи за еден од основачите на македобнскиот хип-хоп и на пречекот на Новата Година првпат гостува во Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ