Лиценцирани спасувачи на вода ќе работат во новиот „Аква парк“

Од:

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити и директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Ратко Кпушевски денеска потпишаа Меморандум за соработка за ангажирање 34 лица како спасувачи во новиот „Аква парк“.

Саити информира дека од сите пријавени се направила добра селекција. Лицата поминале обука која се состоела од практичен дел за спасување на вода, теоретски дел, за ракување со уред за радиоврска и обука за прва помош и стекнале лиценца за спасители на вода.

– Спасувачите се подготвени од недела да си ги заземат своите места во Аква паркот, рече Саити.

Тој информира дека Црвениот крст е единствен субјект кој е овластен, има капацитети и потенцијали во одржување и спроведување на обуките за спасување на вода.

Ова како што рече, произлегува од нашето членување во Меѓународната федерација за спасители  на вода. Во моментов во Македонија има Центар за спасување на вода во Скопје, специјализиран за базени и Центарот за спасување во Охрид, специјализиран за отворени води.

Капушевски рече дека во новата летна атракција во Скопје, рекреативниот Аква парк во состав на СЦ „Борис Трајковски“, ќе работат 35 спасители. Покрај овие 34 спасувачи, еден ќе биде преземен од Матка.

– Аква паркот овозможи и 40 нови работни места, за лица кои ќе бидат инволвирани во угостителските објекти, три кафе-барови и еден ресторан. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош, рече Капушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето