Поради фарбање, често фенирање, пресување или виткање, речиси секоја дама има проблем со оштетена и сува коса. Сите знаеме колку е важно да се има негувана и убава коса и колку таа е голем крас на жената и сојузник во преубавиот изглед. Стручњаците велат дека третманот со жешко масло е чудотворен а добра вест е што ова масло лесно и релативно поволно можете да го направете и дома.
Потребни состојки: 2/3 шољи од сончоглед или ладно цедено маслиново масло,лажичка мед,1 лажички витамин Е,10 капки етерично масло од лаванда,10 капки масло од гераниум,10 капки етерично масло од сандаловина,чинија топла вода,шампон,капа за туширање и непропустливи пластични кеси(за вакумирање).
Начин на употреба :
1. Ставете 2/3 од маслото во пластична кеса,додадете мед,витамин Е и етеричните масла и се добро измешајте.
2. Наполнете ја чинијата со врела вода а потоа во неа ставете ја пластичната кеса со подготвената смеса да стои се додека водата е топла.
3. Нанесете ја загреаната смеса од масла на косата по целата должина од кореното до врвовите а потоа косата соберете ја во капата за туширање или кеса и завиткајте ја во топла крпа.
4. смесата од врело масло на вашата коса нека отстои околу 15-20 минути. Потоа косата како и обично измијте ја со шампон.