Лејди Гага ја откажа европската турнеја поради болки во мускулите

Од:

Американската поп ѕвезда Лејди Гага одложи 18 концерти од европската турнеја, бидејќи боледува од фибромијалгија.

Фибромијалгија е медицински синдром кој се карактеризира со болка по целото тело, особено во мускулите.

Лејди Гага минатата недела го откажа настапот на фестивалот во Рио де Женеиро, бидејќи ден пред концертот, поради големи болки, заврши во градската болница.

Европскиот дел од турнејата „Joanne World Tour“, кој требаше да почне во четвртокот во Барселона и да заврши на 28 септември во Келн, е откажан во целост.

Лејди Гага планира следните седум недели да се посвети на лекување со цел да се ослободи од тешките физички болки, кои и натаму и го нарушуваат секојдневието.

Фибромијалгијата нема конкретна причина ниту конкретен лек. Лекувањето се сведува на ослободување од стрес, одмор и здрава исхрана.

Би можело да ве интересира

По настапот на отворањето на Олимписките игри, Лејди Гага откри дека е свршена

Предраг Петровиќ

Сите пишуваат за настапот на Лејди Гага во Париз, а таа всушност не се појави – се беше снимено

Предраг Петровиќ

Лејди Гага макотрпно се подготвуваше за новиот мјузикл „Џокер: Лудило за двајца“: Направи нешто што никогаш не го направила

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка на која Далај Лама непримерно ја фаќа Лејди Гага

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

Уапсени бандитите кои пукаа во шетачот на кучињата на Лејди Гага, се товарат за обид за убиство

Жарко Настоски