Откако кон крајот на минатата година, водителот на изборот за Мис Универзум по грешка ја прогласи за победничка, која подоцна беше поправена, Колумбијката Арадна Гутереш (22) одлучи да го освои Холивуд.
За таа цел таа веќе го ангажираше менаџерот на Софија Вергера.
И трудот вроди со плод, па манекенката веќе доби улога во филмот „xXx: The Return of Xander Cage“, во кој ќе го заведува Вин Дизел (46).
Снимањето на филмот почнува оваа недела на Карибите.
Инаку, на финалето за избор за Мис Универзум, водителот на програмата Стив Харви прогласи погрешна девојка за победничка. Во моментот кога Мис Колумбија испраќаше бакнежи на публиката и се расплака од среќа, водителот се извини и објави дека победничка е сепак Мис Филипини, Пиа Алонзо Вуркбах.
– Луѓе, морам да се извинам. Мис Колумбија е прва придружничка, Мис Универзум за 2015 година е Мис Филипини – рече водителот.