Лабораторијата на Тесла во САД ќе стане музеј

Од:

Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Никола Тесла, што се наоѓа на Лонг Ајленд (САД), е на чекор до нејзино претворање во Музеј Тесла, изјави директорот на лабораторијата, Марк Алеси.

Оџакот од црвена тула, тежок повеќе од два тона, пред 112 години бил дизајниран од архитектот Стенфорд Вајт. Тој периодов беше обновен и реставриран.

– Реконструкцијата на оџакот беше голем предизвик. Тоа доведе до неочекувано откритие поврзано со тунелите на Тесла, на кои стручњаците се уште работат. Со поставување на круната на оџакот, беше направен многу важен чекор за зачувување на лабораторијата и работата на Тесла, рече Алеси.

Според него, целта е да се зачува објектот кој пред компанијата АГФА да го купи, бил преторен во депонија. Идејата за Музеј Тесла е на стрип-уметникот Метју Инман.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Дојавите за бомби на аеродромот во Белград беа лажни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драматична снимка од евакуацијата на патниците од „Ер Монтенегро“

Горан Наумовски

Се огласи „Ер Монтенегро“ по дојавата за бомба во нивен авион на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград

Горан Наумовски

Дојава за бомба во авион на белградскиот аеродром, патниците се евакуирани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Никола Тесла стана Бугарин – имал бугарски корени

Катерина Ѓуровски