Купидон ја насочува стрелата на сингапурци во четириесеттите години

Од:

Прецизната сингапурска статистика пресметала дека бројот на самци и самици на возраст од околу 40 години е во постојан пораст, а тоа било причина властите да им дозволат на агенциите за посредување во љубовни врска да организираат средби наменети исклучиво за популацијата на оваа возраст.

Ваквото „таргетирање’’ на љубовни врски во Сингапур беше забрането, бидејки се сметаше дека се работи за дискриминација, категорија против која сингапурските власти се борат во политиката, расната толеранција и економијата, дури и во составот на етничките припадници во одделни квартови.

Иако агенциите се ограничени со тоа што на ваквите средби не смее да има повеќе од 10 учесници, нивните претставници тврдат дека Купидон со оваа категорија сингапурци има голема активност и дека ефектите ги надминале очекувањата. Агенциите побарале министерството за социјална политика да го укине лимитот од 10 учесници, но таа дозвола подлежи на прилично долга административна процедура.

Меѓу петте милиони жители на Сингапур, на крајот на минатата година како самци живееле 184.000 мажи и жени. Тоа е бројка за 60 посто поголема од регистрираните 131.000 самци во 2000 година. Покрај нив, 253.000 жители на Сингапур живеат сами по разводи, или по смртта на еден од брачните партнери. Многумина од нив „втората среќа’’ ја бараат преку агенциите за посредување.

Иако ограничени на само 10 учесници, средбите за запознавање на „сродни души’’ придонеле агенциите за посредување да забележат пораст од 15 до 20 проценти на успешно завршена работа. Една од најпопуларните вакви агенции „Лав експрес’’ од септември лани до крајот на март годинава успешно ја завршила работата за 7.800 осамени души, а од нив над половина имале околу 40 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ