Критичарка на Трамп избрана за нова „Мис на Америка“

Од:

Убавицата на Северна Дакота и истакната критичарка на американскиот претседател Доналд Трамп, Кара Мунд е новата „Мис на Америка“.

Таа е позната по тоа што го напаѓаше Доналд Трамп поради неговата одлука за повлекување на земјата од Парискиот договор за климата.

Изборот се одржа синоќа во гратчето Атлантик Сити во американската сојузна држава Њу Џерси.

Мунд, која потекнува од градот Бизмарк во Северна Дакота, победи во конкуренција на 51 натпреварувачка. Нејзините амбиции се да биде првата жена гувернер на Северна Дакота и да се обезбеди поголема застапеност на жените во сите нивоа на Администрацијата.

Во изјавата пред финалето, таа говореше токму за потегот на Трамп околу Климатскиот договор и го оцени како погрешен, додавајќи дека е факт оти климата се менува и дека САД треба да бидат на масата на преговорите.

За придружнички на убавицата се избрани „Мис на Мисури“, Џенифер Дејвис, „Мис на Њу Џерси“ – Кејтлин Шофел, „Мис на градот Вашингтон“ – Брајана Кинси и „Мис на Тексас“ – Маргана Вуд.

И ураганите „Харви“ и „Ирма“ беа „присутни“ на натпреварот. „Мис на Флорида“, Сара Зенг испрати порака на солидарност кон жителите на својата сојузна држава, што вчера беше погодена од ураганот. „Мис на Тексас“ пак испрати охрабувачки пораки кон настраданите во родниот Хјустон, кој беше погоден од „Харви“, заблагодарувајќи им се при тоа на своите сограѓани за поддршката на патот кон финалето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мис Филипини e новата Мис Универзум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мексиканката Ванеса Понсе де Леон е нова Мис на светот

Ана Ололовска

Избрана Мис Америка 2019

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претставничката на ЈАР ја доби титулата „Мис Универзум“

Ана Ололовска

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Ана Ололовска