Креативни луѓе се почувствителни на бучава

Од:

Освен што тие биле генијалци Чарлс Дарвин, Јохан Волфганг Гете и Марсел Пруст имале заедничко и тоа што биле чувствителни на бучава и за работа им било потребно да бидат сами.

Пруст, на пример, ретко го напуштал станот во Париз, а повлечениот писател додека пишувал носел чепчиња за уши, ги нвлекувал завесите и ја изолирал собата со стиропор за да не му пречат звукот и светлината, пренесува Танјуг.

Новите истражувања покажуваат дека тоа е тајната на генијалците, иако е логично дека оние кои лесно се деконцентрираат нема да бидат успешни во креативната работа.

Психолозите од Универзитетот Нортвестерн открија дека на креативните луѓе бучевата повеќе им смета, отколку на луѓето со просечна интелегенција.

Студијата, објавена во списанието „Неуропсихологија“ испитува феномен познат како „сензорска врата“ кој одредува колку информации од околината велгуваат во свеста на една личност.

Мозокот главно ги филтрира непотребните информации, но луѓето кои имаат пропустлива „сензорска врата“, се борат да ги исклучат од свеста информациите како звукот на стрелката на часовникот или разговор во далечина.

Како што за Хафингтон Пост објасни докторката Дарија Забелина, кај овие луѓе информациите течат, па мозокот обработува повеќе информации отколку кај другите.

Истражувачите веруваат дека таа пречуствителност придонесува за креативноста, затоа што се проширва опсегот на вниманието. Луѓето кои впиваат повеќе информации од околината, се склони на создавање нови и невообичаени врски меѓу различни информации.

Истражувачите за да го потврдат тоа, замолиле 97 кандидати да пополнат тест на креативно размилување и да одговорат на прашањето за резултатите за наука и уметност, а во посебен тест им пуштале разни звуци и мереле колку од нив се филтрираат од свеста.

Резултатите покажаа дека креативните луѓе се чувствителни на звуците од околината.

Предност на сензорната пречуствителност се „постигнување повеќе искуства, способност за интеграција на информации кои се оддалечени и поврзување со различни концепти и идеи, јавија медиумите.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум