Кралот Чарлс е хоспитализиран: Сите идни посети се откажани

Од:

Кралот Чарлс Трети беше принуден да откаже серија ангажмани откако денеска беше примен во болница на лекување од рак. Британскиот монарх (72) вечерва се врати во Кларенс Хаус.

Сепак, за да се „заштити себеси и да му даде приоритет на неговото континуирано многу позитивно закрепнување“, тој „за жал“ откажа голем број ангажмани.

Извори на британските медиуми инсистираа дека „нема драма“ и ја опишаа „кратката“ посета на болницата вечерва како „поврзана со неговата програма за лекување“.

Но, загрижувачки е потсетникот дека повеќе од една година откако објави дека му бил дијагностициран непознат облик на рак, кралот сè уште е на лекување додека управува со напорниот распоред на јавни ангажмани.

Би можело да ве интересира

Трамп ги повлече изјавите за британските трупи по интервенцијата на кралот

Кралот Чарлс: Подготвени сме да ја поддржиме Европа со Германија во услови на закана од руска агресија

Кралот Чарлс официјално му ги одзеде сите кралски титули на својот брат Ендру

Мицкоски и лидерите на Западен Балкан се сретнаа со Кралот Чарлс

Катерина Ѓуровски

Кралот Чарлс ќе биде прв британски монарх по повеќе од 500 години што ќе се моли со папата во Ватикан

А1он

Кралот Чарлс III ја посети најстарата личност на светот, Британката Етел Каретам