Кралицата Елизабета „нестрплива“ околу раѓањето на кралското бебе

Од:

Британската кралица Елизабета „станува нестрплива“ околу раѓањето на кралското бебе, пишуваат лондонските весници, тврдејќи дека таа се надева оти бебето ќе се роди пред да замине на одмор.

Летниот одмор на кралицата Елизабета (87) почнува идната недела, кога таа, заедно со сопругот принцот Филип (92) и со членовите на кралското семејство, по традиција заминува во Шкотска, во кралскиот замок Белморал.

Раѓањето на кралското бебе, на војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, се очекуваше уште минатиот викенд, но таквите најави во британските медиуми се покажаа како неточни.

Наместо кралско породување, медиумите открија дека таткото на бебето, Вилијам играл поло, далеку од Лондон, со својот помлад брат Хари, а нивниот татко и дедото на бебето, патувал низ внатрешноста на земјата.

Сите весници во Лондон денеска ја пренесуваат „нестрпливоста“ на кралицата и ја одобруваат, забележувајќи дека таа само го покажува и „расположението на народот“ за кого се вели дека веќе „навива бебето да побрза“.

Бројот на новинарските и ТВ екипите пред приватното крило на лондонската болница „Сент Мери“, каде Кетрин Мидлтон треба да се породи, постојано се зголемува, а сите светски телевизиски компании постојано јавуваат за очекувањето, принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин да станат родители.

Медиумите забележуваат дека „нестрпливоста на Британците, па и на кралицата е разбирлива“, додека проториевскиот „Дејли телеграф“ се занимава со можноста идната британска кралица да се роди во болницата во Беркшајр, каде во 1982 година е родена Кетрин Мидлтон.

Весникот открива дека таа била со своите родители, во тој крај, во Баклбери, на село, а ним подоцна им се придружил и сопругот, принцот Вилијам кој има земено отстуство од британското воено воздухопловство (РАФ), во очекување на породувањето.

Лондонски „Тајмс“ меѓутоа, се занимава со името на новороденчето, па по направената студија на кралските имиња, се определува машко име да биде Џорџ Фредерик Хенри Чарлс, а ако се роди женско дете, да добие име Мери Елизабет Софија Филипа.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот