Кралицата Елизабета бара некој да ѝ го одржува профилот на Инстаграм, платата потпросечна

Од:

Интересно работно место е отворено во служба на британската кралица Елизабета Втора – на официјалната веб-страница на кралското семејство – The Royal Household, се бара човек што ќе биде задолжен за одржување на Инстаграм-профилот на Бакингемската палата.

Конкурсот е отворен до 7 февруари, а личноста која во име на кралицата ќе објавува фотографии и видеа на Инстаграм ќе има плата од околу 32.000 евра годишно (околу 2.666 евра месечно), плус можност за бонуси. Оваа плата е под просечната во Велика Британија, која според последните податоци, во 2020 година изнесувала 34.870 евра годишно.

Според она што стои во огласот, од кандидатот се бара „добро око за детали, креативност, дигитална писменост, а пожелна е и факултетска диплома“.

„Нема да има два исти дена. Ќе имате можност да напредувате во кариерата и да оставите свој печат во самото срце на оваа славна институција,“ се додава во кралскиот оглас.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски