Кожа како кора од портокал – еден од главните проблеми во лето

Од:

Во пресрет на летните денови сите сакаме да изгледаме убаво, особено кога зимската облека ќе се заменисо лесна летна гардероба и кога нашето тело треба да го покажеме на плажа во бикини.

Еден од главните проблеми којшто ги преокупира припадничките на понежниот пол е кожата како „кора од портокал“ локализирана најчесто во пределот на бутовите, задникот, стомакот и надколениците. Тоа е добро познатиот целулит, една од најчестите болести на денешното време.

Што претставува целулитот?, е едно од најчесто поставуваните прашања. Во основа на патологијата на целулитот, лежи заболување на сврзното ткиво на кожата при кое масните клетки кои лежат под него на места го потиснуваат или, пак, пробиваат низ него создавајќи мали перничиња на масни клетки кои на површината на кожата и даваат набран и груткаст изглед. Истовремено, постои и нарушување на циркулацијата при што постои задршка на вода во кожата со отежнато отстранување на токсините.

Иако целулитот може да се појави кај двата пола, тој е почест кај женскиот пол, така да речиси 80 до 90 отсто од постадолесцентните жени кога тогаш во животот ќе се соочат со овој проблем. Ова главно се должи на разликите во градбата на масното и сврзното ткиво кај двата пола. Масните клетки кај жените се со тркалезна форма и се сместени поблиску до површината на кожата, додека кај мажите тие се со остри рабови и се наоѓаат длабоко во кожата, така што речиси и не се гледаат, а уште помалку даваат набран изглед на кожата, како тој кај целулитот.

Меѓу главни фактори за појавата на целулит, медицинските стручњаци ги набројуваат, во прв ред, генетското наследување како еден од основните фактори кој ги одредува предиспонирачките фактори како полот, расата, бавен метаболизам, пореметена циркулација, поповршна локализација на масните клетки. Потоа следуваат ткн хормонални фактори, како можни учесници во формирањето на целулитот се споменуваат естрогените, тироидните хормони, пролактинот, инсулинот и катехоламините адреналин и норадреналин. Животен сти, исто така, е еден од клучните фактори кои придонесуваат за оваа појава. Односно, седентарниот начин на живот со слаба физичка активност, неправилната исхрана со премногу масти, шеќери, сол и алкохол,а недоволен внес на течности, пушењето кое ги оштетува крвните садови и го слабее поткожното сврзно ткиво, стресот кој го покачува нивото на катехоламините спомнати како еден од факторите за појава на целулитот.

„Пролетта е најпогоден период за отпочнување со кој и да е од третманите за отстранување на целулитот и масните наслаги и обликување на нашето тело, бидејќи третманите бараат време за да го постигнеме саканиот ефект токму во периодот пред летните одмори. Затоа искористете го периодот и јавете се кај вашиот дерматолог“, порачува д-р Анета Кокалеска Петрушевска, специјалист дерматолог во „Ординација Д-р Анчевски“.

Една од најчестите тераписки можности за третман на целулит е антицелулитни масажи со антицелулитни креми во чиј состав честопати се среќаваат витамин А, Л-карнитин, кофеин, АХА, витамин Ц, ретинол, аминофилин, коензим А, екстракт од бршлен, ДМАЕ антиоксиданс, и кои помагаат и во забрзување на циркулацијата и метаболизнот, лимфната дренажа и отстранувањето на токсините, но ефектот ќе биде незадоволителен.

Затоа е најдобро тие да се комбинираат со некои од третманите кои се спроведуваат во дерматолошките ординации, како Ултразвучна кавитација со која со помош на ултразвук механички се оштетуваат мембраните на масните клетки па тие лесно прскаат и нивната содржина се разлева во меѓуклеточниот простор каде со помош на ензими се разградуваат и се отстрануваат преку крвната и лимфната циркулација. Третманот трае 40-45 минути, не е инвазивен и болен, и не ги попречува секојдневните активности на пациентот. Потребни се повеќе третмани (6-9)зависно од клиничката слика кои се прават на растојание од 7-10 дена.

Потоа тука е методата Accent, односно радиофреквентни третмани, апарат кој нуди уникатна двојна радиофреквентна технологија со која контролирано се загрева ткивото над 65°C на две различни длабочини. Со биполарната сонда се овозможува топење на мастите и целулитот кои се наоѓаат на површината на кожата, додека со униполарната сонда ефективно се топат мастите сместени длабоко во масното ткиво под дермисот. Истовремено се подобрува локалната циркулација, се разградува фиброзното ткиво, се намалува отокот преку забрзување на дренажата на течности и токсини. Ова е неинвазивна метода, при која се чувствува само топлина на местото. Се препорачуваат 8-10 третмани спроведени во 4-5 недели, двапати неделно.

Мезотерапијата за масни наслаги (липолиза), пак, претставува метода при којашто со помош на мали и тенки игли во кожата директно во масното ткиво се внесуваат коктели составени од состојки кои успешно ги разградуваат масните наслаги по хемиски пат и истовремено го забрзуваат локалниот метаболизам и циркулација за полесно нивно отстранување. Оваа метода успешно ги топи локализираните масни перничиња и успехот е особено забележителен доколку се комбинира со некоја од претходните две методи. Бројот на третмани се движи од 3 до 6 на растојание од 7до 10 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ