Честото конзумирање на марихуана го зголемува ризикот за слабеење на коските и фрактури, предупредуваат научници од шкотскиот Универзитет во Единбург.
Нивните истражувања покажале дека во просек редовните конзументи на марихуана имале пет отсто помала густина на коските.
Покрај тоа, кај лице кое редовно конзумира марихуана е согледан и зголемен ризик за намален индекс на телесната маса.
Причина за тоа може да биде негативниот ефект на честата конзумација на марихуаната на апетитот, пишува „Американ Џурнал од Медисин“.
Во истражувањето се користени податоци на 170 редовни конзументи на марихуана и 114 испитаници кои воопшто не замаат канабис.