Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево

Од:

Со наслов „Со љубов за Тоше“ на платото пред спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево синоќа се одржа концерт на кој 10-тина изведувачи од земјава и странство ги изведоа песните на Тоше Проески пред емотивната публика од повеќе краишта на Македонија и од соседните земји. Концертот се одржа по втор пат во организација на Спомен-куќата „Тодор Проески“.

-Еве веќе втора година се потсетуваме на последниот голем концерт на Тоше проески кој го одржа на 5 октомври 2007 година во Скопје, токму во салата која сега го носи неговото име. како спомен-куќа сакаме да ги одбележуваме и датумите кои значат радост, просперитет и дефинитивно 5 октомври е еден од најзначајните датуми во кариерата на Тоше, со големиот концерт. На овој чекор се одлучивме зашто сѐ уште неговите песни живеат во нашите срца, а Тоше живее преку нив и нѐ сплотува сите, изјави Лефкија Гажоска, директорка на спомен-куќата Тодор Проески.

За изведувачите, ова е навраќање кон големината на Тоше- и како пејач и како човек со големо срце.

-Ова е навраќање на неговата големина, во обид да ги допреме неговите песни. Едноставно, ние ќе ги уживаме неговите мелодии и додека пееме го чувствуваме него и сето она што нам ни го даде – и како музика и како дела, рече Александра Трајческа, млада изведувачкакоја ги испеа песните „Излажи ме“ и „Рани на усните“.

За првпат, младиот изведувач Џингис Мемедоски ја изведе „Тајно моја“ на знаковен јазик.

-Треба да го негуваме, почитуваме неговото дело што ни го остави Тоше, да ги следиме неговиот пат, музиката, начинот на живот за да бидеме подобри, рече Зоран илиев кој ги изведе песните на Тоше: „Усни на усни“ и „По тебе“.

На концертот на платото пред спомен-куќата пред бројната публика од повеќе краишта од земјава и од странство со песните на Тоше настапија и: Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Никола Зацески, Инвиктус Бенд, Бојан Маровиќ и Фрајле.

Тоше Проески загина пред 16 години, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, единаест дена по неговиот голем концерт во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Седумнаесет години без Тоше Проески

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Почина таткото на Тоше Проески

A1on

Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески

Концерт во чест на Тоше Проески на „Десет дена Крушевска република“

A1on