Светла нова комета ќе го осветли небото на северната хемисфера на 12 септември, а потоа околу 17 септември пред да исчезне во сончевата светлина.
Доколку кометата „преживее“ блиска средба со Сонцето, се очекува да биде видлива за време на самракот до крајот на септември.
Аматерскиот астроном Хидео Нишимура од јапонскиот град Кагава ја откри оваа комета. Тој ги снимал експозициите користејќи стандарден DSLR фотоапарат од Canon и телефото леќа, а по обработката на експозициите станало очигледно дека има светлен објект кој забрзува низ нашиот внатрешен сончев систем.
Минор планет центарот официјално го потврди откритието и ја именуваше кометата C/2023 P1 (Нишимура), а буквата „C“ е кратенка за непериодична комета. Ова значи дека овие типови на комети потекнуваат од Ортовиот облак и можат или да поминат низ Сончевиот систем само еднаш или да имаат орбитални периоди кои се движат од 200 до неколку илјади години пред да се вратат во близина на Сонцето.
Според COBS (База на податоци за набљудување на комети), Нишимура е категоризирана како „хиперболична комета“, што сугерира дека има изобилство на енергија што спречува трајно да биде „фатено“ во Сончевиот систем.
„Ќе не посети само еднаш, а Сонцето ќе дејствува како гравитациона прачка и ќе ја испрати назад во длабоката вселена откако ќе прелета покрај нас“.
За да го напушти Сончевиот систем, кометата мора прво да ја „преживее“ најблиската точка во однос на Сонцето. Кометите кои се приближуваат кон Сонцето за прв пат се изложени на поголем ризик од распаѓање, а судбината на Нишимура е крајно неизвесна.
Кога интензивната сончева светлина првпат ќе ја допре површината на кометата, станува возможен широк опсег на исходи. Поради топлината и притисокот произведени од Сонцето и сончевиот ветер, кометата во некои случаи може да се стопи и да се распадне.
Comet C/2023 P1 (Nishimura): Such a strong solar wind. The disconnection event on September 2nd – the spectacular development in a 20-minute animation (RASA 11 QHY600) and 4x80sec red Michael Jäger pic.twitter.com/qf43YqhBbl
— Michael Jäger (@Komet123Jager) September 2, 2023
Еден таков пример е кометата ISON, која се распадна само неколку недели пред да се очекува да создаде извонредна глетка на небото.
Светлината на кометата може драматично да се зголеми во некои случаи кога се приближува до Сонцето, а топлината го претвора нејзиното ледено јадро во прашина и гас создавајќи долга опашка. Сончевата светлина се одбива од таа опашка и ни овозможува да ги видиме кометите од Земјата.
Тоа е зеленикава нијанса која е ограничена на главата на кометата, а не на опашката. Тоа е затоа што бојата во „главата“ доаѓа од диатомски јаглерод, реактивна молекула која се формира кога сончевата светлина е во интеракција со органската материја на површината на кометата.
Нишимура ќе биде најблиску до Сонцето во својата орбита на 18 септември, а ако може да го издржи зрачењето без да се распадне, ќе направи круг и ќе се врати назад.