Командата на воздухопловната одбрана на САД го следи Дедо Мраз

Од:

Доброволци од командата на Воздухопловната одбрана на Северна Америка (НОРАД) велат дека го следат Дедо Мраз додека со санката влечена од неговите ирваси го заобиколува светот носејќи им подароци на сите добри деца.

НОРАД истакнуваат дека од Австралија, па на запад се до Јужна Америка ја следат санката на Дедо Мраз врз основа на трагата од топлината од светлечката рилка на ирвасот Рудолф.

Технологијата и социјалните медиуми станаа значаен дел од таа традиција на војската на САД и Канада и страницата „NORAD Tracks Santa“ на Фејсбук уште пред Божик имаше 1,6 милиони „лајкови“.

Доброволци од НОРАД вчера одговараа на телефонските повици и меилови на децата и на Фејсбук, Твитер и на сајтот www.NORADSANTA.org за движењето на Дедо Мраз.

Контролниот центар на оваа 59-годишна програма сега е во Воздухопловната база Петерсон во Колорадо Спрингс.

НОРАД синоќа соопшти дека го „забележал“ Дедо Мраз над Гвајана во Јужна Америка и оти тој до тој момент испорачал повеќе од четири милијарди подароци на децата кои годинава биле добри.

За Божик минатата година сајтот привлече повеќе од 19,5 милиони посетители, а страницата на Фејсбук доби 1,45 милиони „лајкови“.

Волонтерите тогаш одговорија на 117.000 телефонски повици и 9.600 меилови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ