Колку и да се пријатели, мажите секогаш сакаат нешто плус

Од:

Идејата за машко-женските пријателства е само идеја, но реално таа е невозможна, предупредуваат истражувачите, бидејќи нагонот за репродукција може да се потисне, но не и да се блокира целосно.

Мажите и жените можат да бидат пријатели и тоа пријателство сепак вообичаено започнува со сексуалното привлекување. Женскиот сексапил е тој што секогаш го привлекува спротивниот пол, без разлика дали тоа понатаму ќе се развие во врска или не, велат истражувачите од Универзитетот во Висконсин.

Жените пак, на повеќето пријателства обично гледаат како на сосема платонска поврзаност и се надеваат дека со овие припадници на спротивниот пол, би можело да излезе нешто по завршувањето на нивната врска или веќе се незадоволни од таа што ја имаат.

Покрај тоа, мажите често се сексуално привлечени од своите пријателки и многу сакаат да излезат со нив на состанок, без разлика дали може да се случи нешто или не, доживувајќи ги ваквите средби повеќе романтично отколку што навистина се.

Во еден експеримент во кој беа вклучени 88 пара од машки и женски пријатели се покажа дека човечкиот инстинкт е толку силен што може да се потисне, но не и целосно да не се чувствува или да се блокира. Исто така се покажа и дека ваквите пријателства негативно влијаат на врските кои тие ги имаат во моментот.

Меѓутоа, во средната доба од животот, интензитетот на сексуалната хемија кај мажите паѓа, додека кај жените останува на истото ниво.

Оние кои се тајно заљубени во својот пријател од спротивниот пол, на тоа гледаат петпати повеќе како проблем, отколку како некое добро за нив. И за двата пола се еднакви придобивките од ваквите „врски“ затоа што вклучуваат меѓусебно советување, ја зајакнуваат самодовербата и воопшто вербата во другиот.

Авторите на студијата тврдат дека телевизиските програми и пред се филмската индустрија ги „вжештуваат” можностите да се развие пријателски однос без нешто плус како дополнителна добивка, па дури и имајќи ги предвид и пријателствата кои се случуваат на работа со колегите или шефовите. Како пример го посочија филмот „Кога Хари се запозна со Сали”, каде што Били Кристал ја убедува Мег Рајан дека мажите и жените не можат да бидат само пријатели затоа што идејата за секс секогаш стои помеѓу меѓу нив.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум