Бремените жени секојдневно се бомбардирани со податоците за тоа, што смеат, а што не да прават или да јадат додека се во исчекување на најсреќниот настан во нивниот живот.
Погрешна е самата идеја дека бремените жени треба да јадат за двајца. Кога жената ќе внесе премногу калории и во текот на бременоста се здебели повеќе од здравите 11 до 16 килограми, ризикува предвремно да се породи или да биде подложена на породување со царски рез.
На бремените жени всушност им се потребни дополнително 300 калории дневно. Наместо да јадат неумерено, идните мајки би требало во исхраната да вклучат „паметни“ ужинки, како што е на пример овошје со јогурт, за да го зајакнат внесот на калории.
Препорачливо е да се јадат шест до седум помали оброци, по еден на два до три часа, бидејќи на тој начин се одржува константно нивото на шеќер во крвта, што е здраво и за мајката и за бебето.
Не е важно само колку, туку и што јадете. Бремените жени воопшто не би требало да конзумираат сурова риба и алкохол. Јадејќи риба ризикуваат да се заразат со некоја опасна бактерија, а алкохолот го зголемува ризикот бебето да се роди со некој дефект.