Кога „глупава“ идеја прераснува во сериозен бизнис

Од:

Доколку се уште не сте слушнале за Рапчет, сигурно не и припаѓате на популацијата тинејџери и студенти кои се воодушевени од апликацијата на Сет Милер.

Имено, се работи за апликација која овозможува снимање сопствени перформанси и изведби, кои може да се споделуваат со пријателите.

Сет Милер, кој сега е извршен директор и еден од соосновачите на Рапчет, за време на распустот дошол до заклучок дека социјалните мрежи се идеален терен за слободно изразување и идејата за нова апликација за таа цел ја претставил на иновацискиот „Стартап Викенд“ во Охајо, каде го освоил првото место и награда од 1.000 долари.

Тој и неговиот пријател Брендон Логан парите ги искористеиле за создавање на апликацијата Рапчет, која до крајот на 2014 година стана голем хит, а само во 2015 година е „симната“ повеќе од 430 илјади пати.

Милер, кој во меѓувреме заврши Факултет и се вработи, неодамна дал отказ на своето работно место за да може целосно да се посвети на Рапчет.

Нивната компанија на почетокот имала само тројца вработиени, но сега нивниот број се искачи на девет. Во текот на овој месец се највени преговори со инвеститори, од кои Милер очекува да добие два милиони долари.

Со помош на апликацијата досега се снимени околу пет милиони рап нумери, а Милер тврди дека најголемиот број објави се од средношколки кои ги озборуваат момчињата.

Иако на почетокот се мислел дека идеjата е глупава, Милер набрзо сфатил дека се работи за нешто што има сериозен потенцијал.

– Постојат илјадници апликации со кои коминицирате со пријателите без оглед на тоа дали се работи за текстуални пораки, фотографии или видеа. Сепак, ниту една од нив не овозможува да правите нумери во слободен стил, додава Милер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ