Кинескиот Нострадамус го предвиде крајот на војната со Иран, глобалниот поредок ќе се промени

Од:

Соединетите Американски Држави ќе ја изгубат оваа војна, што ќе го промени глобалниот поредок засекогаш. Демографијата и топографијата на Иран би ја оневозможиле секоја долгорочна американска окупација на нејзината територија.

Професорот Сјуеќин Џијанг, со прекар „Кинески Нострадамус“, правилно ја предвиде победата на Доналд Трамп на изборите во 2024 година и војната меѓу САД и Иран, а сега неговото предвидување за тоа како ќе заврши војната станува вирално.
– Доколку Трамп освои втор мандат, ќе има многу голема веројатност Соединетите Американски Држави да влезат во војна со Иран – рече професорот во тоа време и додаде дека една од главните причини зошто САД би влегле во конфликт со Иран би била мотивирана од интересите на Израел.

Откако правилно предвиде дека Трамп ќе ги добие изборите и дека САД ќе војуваат со Иран ако тој победи, сега предвидува како ќе заврши таа војна.

– Третото големо предвидување е дека Соединетите Американски Држави ќе ја изгубат оваа војна, што засекогаш ќе го промени глобалниот поредок. Демографијата и топографијата на Иран би ја направиле секоја долгорочна американска окупација на нејзината територија невозможна. Растегнатите логистички мрежи на земјата, силниот внатрешен отпор и суровиот пејзаж брзо би ја претвориле секоја рана победа на бојното поле во катастрофален стратешки распад – убеден е Џијанг, правејќи споредби со сицилијанската експедиција што траела од 415 до 413 година п.н.е.

Би можело да ве интересира

Трамп: Лесно можеме да го отвориме Ормутскиот теснец

А1он

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

(ВИДЕО) Трамп се потсмеваше со саудискиот принц: Не мислеше дека ќе ми го бакне задникот!

А1он

Трамп: Куба е следна, преправајте се дека не го кажав тоа

А1он

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он