Британската принцеза од Велс Кејт Мидлтон имала операција на абдоменот во приватна болница во Лондон, соопшти денеска Кенсингтонската палата.
Операцијата, која беше закажана порано, беше спроведена вчера и беше успешна, соопштија од палатата, пренесува Би-Би-Си.
Кејт ќе остане во болница од 10 до 14 дена, се вели во соопштението.
Се додава дека 42-годишната принцеза се извинува поради тоа што ќе мора да ги одложи закажаните обврски.
„Со оглед на сегашните медицински совети, таа нема да може да се врати на јавните обврски пред Велигден“, се вели во соопштението.