Канје Вест најави дека ќе се кандидира за претседател на САД, но не презема активности во таа насока

Од:

Американскиот рапер Канје Вест на Твитер најави дека ќе се кандидира на овогодинешните претседателски избори во САД, иако досега не презел активности во тој правец, јави Си Ен Ен,

„Мораме да го исполниме ветувањето на Америка со верба во Бог, обединета визија и изградба на иднината. Се кандидирам за претседател на САД“, напиша Вест на Твитер и веднаш доби поддршка. Технолошкиот милијардер Илон Маск му напиша „Ја имаш целата моја поддршка“. Поддршка стаса и од неговата сопруга Ким Кардашијан, како и од бројните обожаватели.

Сепак, неговите постапки не укажуваат дека и вистински планира да се соочи во ноември со републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден. Доколку е сериозен, Вест треба да се регистрира во Федералната изборна комисија, да презентира платформа за неговата кампања, да собере доволно потписи за да биде ставен на гласачкото ливче и уште многу други предизборни активности. Во многу сојузни американски држави тој веќе го пропушти крајниот рок за да се вклучи во трката како независен кандидат.

Вест и претходно најавуваше дека ќе се кандидира за претседател на САД. На музичките награди на МТВ во 2015 година изјави дека ќе се кандидира на изборите во 2020 година. Но лани се премисли и напиша дека ќе се кандидира во 2024 година. Претходно најави дека неговата програма ќе биде микс од ставови на Трамп и на демократот Берни Сандерс.

Би можело да ве интересира

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он