Канаѓанка се разбудила сама, заклучена во темен, студен авион

Од:

Жена од Канада изјави дека била оставена сама во авион на Ер Канада откако заспала за време на летот.

Тифани Адамс вели дека заспала додека летала од Квебек до Торонто на 9 јуни. Кога се разбудила се уште била во своето седиште врзана со безбедносниот појас, а авионот бил изгасен, заклучен и паркиран. Таа вели дека по инцидентот има кошмари.

Г-ѓа Адамс на Фејсбук објави дека се разбудила околу полноќ, неколку часа по слетувањето на авионот, во кој било премногу ладно и темно.

Таа ја повикала нејзината пријателка,како што вели, но телефонот се исклучил по една минута. Се обидела да го наполни, но сфатила дека струјата во авионот е исклучена.

Откако малку се соземала г-ѓа Адамс успеала да најде светилка во авионот и се обидела да сигнализира од прозорците за да привлече внимание.

Таа беше пронајдена од оператор за количка за багаж.

Г-ѓа Адамс изјави дека персоналот на Ер Канада ѝ понудил лимузина и хотел, но таа одбила, бидејќи сакала да се врати дома што поскоро.

Ер Канада го потврди инцидентот, а официјални лица од компанијата велат дека случајот се испитува.

Би можело да ве интересира

Вил Смит на новиот албум: Морав да го вратам Оскарот затоа што сум црнец

Предраг Петровиќ

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Марко Бошњак ја коментираше својата сексуална ориентација: „Сакам да живеам отворено и да не се кријам“

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија