Како настанал зборот абракадабра?

Од:

Денес зборот „абракадабра“ ќе го слушнеме главно пред магионичарот да извади зајак од шапката, но некогаш навистина се верувало дека тој е волшебен збор. Знаете ли нешто за неговото потекло?

Се уште точно не е утврдено како настанал овој збор. Еден од најстарите записи за него потекнува од вториот век, кога го кажал римскиот мудрец Серенус Самоникус. Тој во своите списи Либер Медициналис пишува дека лек против мистериозната и смртоносна болест е носење на своевидни талисмани околу вратот, со зборот абракадабра напишан на парче пергамент замотан во ленено платно.

Притоа, прво зборот се пишувал цел, а потоа во секој следен ред се бришела по една буква (абракадабра, абракадабр, абракадаб… ), се додека не преостане само буквата А. Се верува дека Самоникус, сепак самиот не го измислил овој збор, туку дека само запишал нешто што одамна било познато на Римјаните, а претходно и на Грците.

Постојат неколку теории за тоа како всушност настанал зборот абракадабра.

Една од нив е дека е изведен од грчкиот збор абраксас, со кој гностичарите го повикувале Господ и кој бил изразен со грчката нумерологија на запишување како 365, бројот на деновите во годината.

Друга теорија зборот абракадабра го опишува како резултат на спојување на зборовите аб, бен, анд руач, хакодеш, кои ги означувале Отецот, Синот и Светиот Дух.

Тука е и трета теорија дека абракадабра настанал од арамејската фраза авра кадавра.

Историјата памти дека Римјаните навистина ги носеле талисманите за кои пишувал Серенус Самоникус. Се верувало дека тие лечат разни болести така што проблемот се извлекува низ преостанатото на списокот.

Ова медиско привикување на лекување се применувало и подоцна. Во 16 век Англичанката Ема Жермејн Римингтон Тејлор во книгата „Мачното патување на капетанот Евард Фентон“, напишала дека Банестер излечил 200 луѓе така што им закачил абракадабра околу нивните вратови.

Овој начин на лекувње се спомнува и во 18 век, во „Дневникот од годините на чумата“ на Данијел Дефо.

Се верува дека лекувањето со абракадабра престанало во 19 век и дека луѓето тогаш сфатиле дека тоа не дава резултати, а потоа зборот станал само дел од магионичарски претстави.

Нешанл Џеографик – Вашингтон

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ