Како ефикасно да превенирате цревни инфекции во текот на летото, што советуваат експертите?

Од:

Високите температури создаваат идеални услови за развој на бактерии во храната и водата и го зголемуваат ризикот од цревни инфекции. Па многу често знае да се појават и стомачни вируси, да имаме подуеност и мачнини во стомакот, воспаленија па дури и чир на желудникот и дебелото црево. Инфекциите најчесто ги предизвикуваат бактерии како салмонела, хеликобактер, стафилококи и кампилобактерии, кои се присутни во недоволно термички обработена храна, особено месо, јајца, млечни производи и пилешко. Исто така, постојат и други инфекции кои се шират преку загадена вода и нечисти раце. Високите температури носат и опасности од консумирање на несоодветно чувана и подготвена храна, па во овој период зачестени се инфекции поради консумирање расипана храна која предизвикува стомачни проблеми, што дополнително бара ефикасно природно решение.

Во вакви услови здравствените експерти советуваат правилно да се чува и термички обработува храната и да се користи безбедна вода за пиење. Институтот за јавно здравје пак ги советува луѓето да ги почитуваат основните хигиенски правила за да се спречат овие заболувања.

Најранливи се децата, постарите лица, трудниците и оние со ослабен имунитет. Симптомите што може да се појават се повраќање, пролив, температура, главоболка и болки во стомакот.

Затоа, препораките се:

1. Внимавајте на хигиената на храната
Избегнувајте расиплива храна која стоела на собна температура, особено месо, млечни производи и морска храна. Секогаш мијте ги рацете пред јадење и по користење тоалет.

2. Пијте безбедна и свежа вода. Добродојдени се суплементи богати со електролити, витамини и минерали.
Во текот на летото, дехидратацијата е честа. Избегнувајте вода од непроверени извори и пијте доволно течности, најдобро филтрирана или флаширана вода. Се препорачува ИСО МАКС кој обезбедува оптимален внес и обнова/балансирање на електролитите во телото кои се клучни за регулација на балансот на течности во сите клетки, спречување на појавата дехидрираност, отоци и топлотен удар.

3. Бидете внимателни со улична храна
Колку и да изгледа вкусно, уличната храна често не се подготвува во соодветни санитарни услови. Изберете места каде што храната се подготвува свежо пред вас.

4. Избегнувајте прејадување
Големи оброци, особено мрсна или тешка храна, можат да предизвикаат мачнина, надуеност и лошо варење. Јадете помали, полесни оброци и повеќе свежо овошје и зеленчук.

5. Подгответе се со Gastro Protekt

За дополнителна заштита, Нутриционистите препорачуваат ГАСТРО ПРОТЕКТ со гастро алое уникатен, 100% природен дуален систем, кој помага во заштита и одржување на функцијата на органите за варење, желудникот и цревата, без никакви несакани ефекти. Идеален за патувања, топли денови и чувствителни стомаци.

Совет плус: На патување, секогаш носете со себе основна гастро заштита – активен јаглен, пробиотици и Gastro Protekt.

Би можело да ве интересира

Почина Чак Норис

Кинескиот Нострадамус го предвиде крајот на војната со Иран, глобалниот поредок ќе се промени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Синот на Меџик Џонсон откри како реагирал кошаркарот кога му кажал дека сака мажи

Предраг Петровиќ

Драма меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница: Сакал да ја однесе ќерка си во Америка, таа повикала полиција

Предраг Петровиќ

Трогателна исповед на младата Ева: Наметнатите комплекси од училиште ја доведоа до анорексија

Предраг Петровиќ

Музичката ѕвезда во центарот на скандал: Осомничен за убиство на 15-годишно девојче

Предраг Петровиќ