По повод светскиот ден на бакнежот, откријте ги новите трикови за совршен бакнеж. Дали знаете дека во усните има илјада нерви повеќе отколку на врвовите на прстите.
Затоа бакнувањето е толку прекрасно!
Сладок, неодолив, посакуван, близок, неверојатен, ова се само некои од зборовите со кои може да се опише бакнежот со саканата особа.
Еве некои трикови за совршен бакнеж.
-Усните мора да се меки. Нема совршен бакнеж со испукани усни. Сувата кожа може да се отстрани со пилинг, или триење со четка за заби. Секогаш со себе носете балзам за усни.
Внимавајте, лошиот здив е најголем непријател.
Пред бакнувањето, опуштете се, не е убаво да се бакнуваат вкочанети усни. Опуштени и добро негувани усни се рецепт за незаборавен бакнеж.