Најголем „проблем“ за згодните девојки е што многу мажи се заинтересирани за нив, па можат да си направат добар избор. Сепак да освоите една убава, самоуверена и независна жена морате да се оддвоите од мноштвото и да бидете посебен.
1. Флертувајте со сите
Тајната на успешен шармер е што тој кокетира си сите, а не само со оние девојки кои му се допаѓаат. Внимавајте да не претерате, па да бидете запаметен како досаден додворувач кој што си ја пробува среќата кај сите.
2. Бидете самоуверени
Никогаш нема да освоите секси девојка ако немате доверба во себе. Самоувереноста делува како афродизијак.
Фраерите кои бегаат срамежливо од погледите на спротивниот пол ќе останат незабележани, другуте ќе добијат и телефонски број.
3. Предизвикувајте ги
Иако припадничките на понежниот пол тоа нема никогаш да го признаат, сепак тие сакаат да бидат предизвикани. Можеби ќе бидат арогантни и груби, но ако ја прифатат играта, успехот е на ваша страна.
4. Преземете иницијатива
Жените сакаат мажи кои не се плашат. Не оставајте ги да чекаат премногу долго, направете го првиот чекор пред да биде доцна. Поканете ја на состанок и пред да отвори уста да изговори било што, кажете го местото на кое би сакале да ја однесете.
5. Околу себе имајте пријателки
Жените секогаш прво го забележуваат мажот во друштво на пријателки, отколку во друштво на пријатели. Тоа значи дека имате доволно квалитети штоом сте привлекле толку припаднички на понежниот пол околу вас.
Се претпоставува дека тоа што ги разбирате сите овие ваши пријателки е голем плус за вас.