Како да избегнете напад од ајкула?

Од:

Шансите да ве нападне ајкула се исклучително мали, но никој не сака да биде баш „еден во милион“.

Според статистиките, поголеми се шансите да ве удри гром отколку да ве изеде ајкула. Секако, се зависи и на која плажа одите.

На пример, плажата Нова Смирна на Флорида е местото каде ајкулите најмногу напаѓаат. Секоја година илјадници луѓе пливаат и сурфаат во водите кои се буквално преплавени со ајкули. До денеска на ова место се случиле вкупно 210 напади на ајкули.

Како да не бидете мета на ајкулата:

1. Носите црно нуркачко одело – Најголемиот број на риби се во боја, малку риби се црни, а многу е важно да не личите на риба.

2. Избегнувајте накит, особено накит што свети.  Многу риби го рефлектираат сонцето и светкаат под вода. Повторно важно е да не личите на риба.

3. Избегнувајте матни води или пливање кога врне дожд. Ајкулите немаат прсти, имаат само уста. Кога се љубопитни тие гризат за да вкусат. Ако не гледаат добро и пливаат во матна вода, уште повеќе се љубопитни и се наклонети да гризат.

4. Пливајте во групи. Ајкулите се мрзеливи и целта им е да си ја сочуваат енергијата. Јадат рибо која е стара, бавна или заостанува. Ако пливате во групи, не претставувате лесна мета.

5. Немојте премногу да прскате. Тоа укажува дека сте слаби или се борите. Ако почувствуваат дека пленот е блиску, ќе ја искористат приликата.

6. Избегнувајте пливање на изгрејсонце или зајдисонце. Ова е периодот кога ајкулите ловат.

7. Немојте да стоите во вода каде што има мамци за риби. Ако е мамецот во вода, има можност ајкулата да ве види како поголем оброк.

 

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ