Истражувачите од Школата за хигиена во Лондон, во една своја студија ги испитувале навиките кај луѓето за миење раце, по вршењето на своите физиолошки појави. Тие откриле дка само 32 % од мажите ги мијат рацете со сапун, наспроти 64 % од жените.
Анализата ја направиле преку електронски прашања и пораки изложени на ЛЕД екрани во јавните тоалети, каде што луѓето ги внесувале своите одговори.
Луѓето различно одговарале на прашањата, но најмногу одговори имало на: „Си ги изми ли рацете со сапун тој што е до вас?“
Жените најчесто реагирале на потсетникот да си ги измијат рацете со сапун, а мажите на пораката: „Измиј сега или ќе јадеш потоа!“
Раководителот на проектот Роберт Аунгер како заклучок од студијата рече дека „многу тешко е да се открие која порака која е најефикасна за менувањето на оваа секојдневна навика, но мора да се продолжи со експериментите и тестовите со цел да се пронајде начин што ќе влијае позитивно во секоја ситуација“.