ВИДЕО: Како астронаутите на МВС го видоа затемнувањето на сонцето?

Од:

Пред два дена Месечината целосно го покри сончевиот диск над тихоокеанското крајбрежје на Соединетите Американски Држави, и таа појава, која е прва по речиси 100 години, беше проследена од луѓе во 13 сојузни држави.

Мал број луѓе, сепак, успеаја да го видат сето тоа на поинаков начин – а тоа се астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Џек Фишер, кој е дел од тимот на МВС, на Твитер објави снимки од таа величествена глетка.

– Се надевам, сите успеавте да го видите сончевото затемнување. Не ми се верува дека ја видов онаа огромна сенка како минува низ САД, гласи придружниот коментар до видеото.

Би можело да ве интересира

Роскосмос го испраќа јапонскиот милијардер Јусаки Маезава на МВС

Ана Ололовска

Од каде е мистериозната дупка на Меѓународната вселенска станица?

Наум Локоски