Јапонски пензионер поднесе тужба против државната телевизија Ен-Ејч-Кеј поради прекумерна употреба на странски зборови, што како што наведе, му предизвикува „емоционална болка“.
Седумдесет и еден годишниот Хоџи Такахаши бара отштета од 1,4 милиони јени (12 илјади евра) од Ен-Ејч-Кеј за прекумерна употреба на странските зборови, наместо нивните јапонски еквиваленти.
– Мојот клиент смета дека Јапонија е преногу американизирана. Тој стравува дека земјата се претворила во американска провинција, рече адвокатот Муцуо Мијата.
Такахаши е член на здружението за заштита на јапонскиот јазик. Државната телевизија соопшти дека ќе се воздржи од коментар, поради тоа што се уште не добила судски документ.