Во гратчето Гифу во централна Јапонија е уапсена 86-годишната Мицуе Сузуки која половина век ги користела пензиите на двајцата починати родители. Сузуки за тоа време искеширала повеќе од 50 милиони јени (над половина милион долари).
Измамата ја откриле службеници од пензискиот фонд, кои дошле во градот Гифу да ги видат корисниците на пензија од кои жената требало да има 110, а мажот 112 години.
Ова не е единствен, а според медиумите, не е ни редок случај во Јапонија. Откриени се и случаи во кои роднините ги чуваат телата на починатите пензионери дома, за да обезбедат „доказ’’ дека е присутен примателот на пензијата.