Поранешниот француски тенисер Јаник Ноа по деветти пат е избран за најомилена личност на Французите во испитувањето направено од страна на неделникот „Журнал ди диманш“.
Успехот на Ноа е дотолку поголем, бидејќи тој и покрај политичкото ангажирање на страната на Франсоа Оланд за време на претседателската кампања останува најпопуларна личност не само кај симпатизерите на левицата, туку и кај тие на десницата.
Веднаш зад Јаник Ноа, кој сега води кариера на пејач, се комичарот и актерот Омар Си и актерот Жан Дужардан, кој годинава се закити со оскар.
Кај политичарите единствено напредува актуелниот претседател Франсоа Оланд, кој од 33 местото на 50 најпопуларни личности во Франција, сега се најде на 15 место, додека поранешниот претседател Никола Саркози кој го имаше 25 место сега исчезна од листата на 50 личности.