Јана и Марко најчести имиња во општина Аеродром

Од:

Јана и Марко се најчести женски и машки имиња на новородени деца во општина Аеродром минатата година.

Општинската прес-служба соопшти дека „победнички“ парови на имиња се Калин и Калина, Михаел и Михаела, а многу често се среќаваат и Ана и Јована и Андреј и Давид.

Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што се Доминика, Доротеа, Дениција, Ирис, Кирана, Божица, Уна, Талиа, Калист, Маркијан,…

Според бројот на доделени решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, лани во општината се родиле 634 деца, од кои  326 се женски и 308 машки.

Првoродени се 332 деца, 259 се второродени, кај 42 семејства се работи за трето, а едно е четвртородено дете. Статистиката покажува дека 22 семејства од општината добиле близнаци.

Општина Аеродром информира дека и годинава ќе продолжи со акцијата за доделување еднократна помош од 5.000 денари на секое семејство со новороденче.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух