Џон Крафорд објави фотографии од својата гола сопруга направени од птичја перспектива, а брачниот пар на проектот работел во периодот од 1984 година 1987 година, но токму сега фотографиите станаа хит на интернет.
Во осумдесеттите години на минатиот век, Крафорд најчесто одел на работа со мал приватен авион, оставајќи ја сопругата по дома. Идејата да ја фотографира му дошла сосема случајно, а интересниот проект го нарекол „Воздушни актови“.
„Отсекогаш се интересирав за фотографии што содржат необични форми и содржини. Кога човек набљудува од птичја перспектива, сè станува некако апстрактно и симетрично. Затоа, помислив дека со поставувањето на голо тело на одредени локации ќе покажам колку ние луѓето сме ништожни и безначајни во однос на планетата што ја населуваме“, вели Крафорд.
[nggallery id=84]