Изложби, работилници и перформанси на „Скопје Креатива 2015“

Од:

Под мотото „Скопје – мојот град!“ од денеска до 20 септември на спортско-рекреативниот центар „Плаја Виста“ ќе се одржи четвртиот Фестивал за креативни индустрии „Скопје Креатива 2015“.

Според организаторите, „Скопје Креатива“ на младите македонски креативци им нуди одлична можност за промоција, што е и еден од главните приоритети. Проширувањето на програмата со учесници и проекти од странство на фестивалот му дава меѓународен карактер.

Годинава Град Скопје од својот буџет издвои три милиони денари за реализација на фестивалот кој за четири дена ќе понуди околу 60 настани со домашни и меѓународни гости и учесници.

Како што најави програмскиот директор на фестивалот Лазе Трипков, предвидени се 60 активности од сите креативни сектори подеднакво, уникатни изложби, презентации, работилници, проекции, перформанси и музичка програма. Организирани ќе бидат и работилници за најмладите, средношколците, како и за сите други креативци што сакаат да учествуват на фестивалот.

На отворањето ќе се презентираат 10 изложби, ќе има дружење со гостите и учесниците, а настап ќе имаат „ПМЏ колектив“ и диџеј „Зоки бејбе“.

Организатор на фестивалот е Конгресниот центар „Александар Македонски“.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари