Босна и Херцеговина минатата година забележа најголем напредок во однос на сите европски земји кога е во прашање развојот на Интернетот, покажа истражувањето на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ).
Во извештајот, кој важи за еден од најкредибилните во светот, бидејќи на неговите резултати се потпираат светските влади и финансиските институции, се наведува дека БиХ минатата година забележала поместување од 74. на 69. место, што значи дека остварила напредок од дури пет места, пишува весникот „Независне новине“.
– БиХ спаѓа во групата земји со најдинамичен развој, а во таа група се наоѓаат и Обединетие Арапски Емирати, Фиџи, Тајланд, Оман, Катар, Белорусија и Грузија, се наведува во извештајот.
Над три милијарди луѓе користат Интернет ширум светот, раст на информатичко-комуникациската технологија е забележан во речиси секоја земја, а последните податоци покажуваат дека користењето на Интернет е во постојан пораст, на глобално ниво 6,6 отсто за минатата година.
За тоа дека напредокот е повеќе од очигледен сведочи и прогнозата дека до крајот на годината дури 44 отсто од домаќинствата ќе имаат Интернет, што е значителен напредок во однос нс 2012 година, кога пристап имаа се на се 30 отсто од домаќинствата.